дома Uncategorized (Фото) И oвa ce cлyчи: Нapaчани Фејсбук пocтови дeкa вo Cpбија дoлгo...

(Фото) И oвa ce cлyчи: Нapaчани Фејсбук пocтови дeкa вo Cpбија дoлгo ce чeкaло зa вakцина

Откако македонските граѓани масовни заминуваат во Србија за да примат вакцина против корона вирусот, нешто што не им е овозможено во матичната држава, на социјалните мрежи се активираше скапо платената пропагандна машинерија на власта.

Така, во Фејсбук групата, „Ковид19 Искуства и Совети“, каде што се споделуваат новости поврзани со корона вирусот, профили познати по поддршка и споделување постови на власта и Венко Филипче, постираат наводно негативно искуство од вакцинирањето во Србија.

Притоа, од неколку профили како лично искуство се постира една иста објава во која се вели дека процесот на вакцинација е целосно неорганизиран и „добронамерно“ се советуваат и повикуваат граѓаните да не заминуваат за да се вакцинираат во Србија.

На ваквото ширење на оваа објава веднаш реагираа голем број корисници на социјалните мрежи.

Дел од нив, коишто веќе се вратиле од вакцинација, изразуваат чудење за статусот и велат дека се поминало без проблеми, додека други коментираат дека станува збор за срамен обид на власта да се испере за својата неспособност да обезбеди вакцини, па се обидува вината да ја префрли врз Србија.