(Фото) Кога знаеш како: За еден ден градоначалникот на Кисела Вода исчисти 40 тони отпaд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, продолжува со решавање на проблемите во општината. Денес во заедничка акција со ЈП ,,Комунална хигиена” – Скопје беа исчистени 40 тони отпад од трите диви депонии на Теферич и пренесени на Дрисла.

„Загрижувачки е колку досега не се водело грижа за животната средина, која е основно и загарантирано право на секој граѓанин. Освен естетски, овој проблем има и друга поголема димензија која директно го засега и влијае врз здравјето на луѓето. Тоа мора да се промени и ние интензивно ќе бидеме посветени на чистењето на дивите депонии во општина Кисела Вода и одржувањето на здрава животна средина“, соопшти Ѓорѓиевски.

Тој потсети дека интензивно се работи и на чистење на депонијата во Дупки, а ќе продолжи и чистење и ремедијација на сите депонии во општината.

„Се надевам, дека на овој начин ќе ја оплемениме животната средина, но исто така се надевам и дека ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните за потребата од соодветно положување на отпадот со цел заштита на средината во која живееме и нашето лично здравје.“, додаде Ѓорѓиевски.
Покрај чистењето на депониите, се работеше и во населба Драчево, каде што се расчистуваа паднатите лисја, се собираше комунален отпад и се миеја улиците, тротоарите и плочниците на потегот околу улицата „Коперникова“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This