дома Локално (Фото) Колку сообраќајки треба да се случат за Богоев да го расчисти...

(Фото) Колку сообраќајки треба да се случат за Богоев да го расчисти снегот?

Градоначалникот Стефан Богоев утрово на својот фејсбук профил се пофали дека зимската служба распрскува емулзиона течност, за да не заледи коловозот по повисоките места во Карпош: Бардовци, Жданец, Трнодол, долж „Ловќенска” во Козле, но и во Влае (удолницата меѓу „П.Одреди” и „П.Чаулев”). Богоев додаде дека покрај набавката на сол, организирани се и дежурни комунални служби, кои во случај на снег ќе ги чистат пофреквентните зони.

Зимската служба, или позирала само за сликање, или распрскувала којзнае што, со оглед на тоа што улиците во сите набројани места се затрупани со снег, кој предизвика и неколку сообраќајни несреќи.