Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов вечерва се ја прими првата доза од вакцината против ковид-19.
-Вечерва во Центарот за вакцинација во салата “Борис Трајковски” го остварив своето право, но и обврска на вакцинација против вирусот Ковид 19. Само со масовна вакцинација, можеме заеднички да ја победиме оваа болест. Ве повикувам да го искористите своето право на вакцинација ! Заедно да победиме !!!
Особено задоволство ми беше што вакцинацијата (а и брисевите кога бев болен) ја добив лично од Денис Јанкуловски – Космонаутко. Не заигравме 😊, ама срдечно се поздравивме. Поздрав за сите прекрасни луѓе од медицинскиот и техничкиот персонал во Центарот. Вакцинирајте се !!!, напиша Шилегов на Фејсбук.