дома Балкан (Фото) Косово е Србија: Мапа објавена од австриските медиуми ја paзгнeви Приштина

(Фото) Косово е Србија: Мапа објавена од австриските медиуми ја paзгнeви Приштина

Добро познатиот австриски медиум „Остерајх“ Oe24.at објави мапа на Европа на која се гледаат Косово и Метохија како дел од Србија, што го предизвика гневот на медиумите во Приштина.

Австрискиот медиум на својот Инстаграм профил објави информации за земји чии граѓани можат да влезат во Австрија без ограничување, пишува приштински Телеграф.

Телеграф потсетува дека овој портал е многу читан, но и дека, без оглед на објавената мапа, сепак е факт дека Австрија беше една од првите земји што ја призна самопрогласената независност на Косово, објави Новости.