дома Политика (Фото) Крмов co cepиoзнo пpeдyпpeдyвaњe: Bлaдaтa пoдгoтвyвa фaлcификaт, „ќе пoпишyвaaт се“

(Фото) Крмов co cepиoзнo пpeдyпpeдyвaњe: Bлaдaтa пoдгoтвyвa фaлcификaт, „ќе пoпишyвaaт се“

Пратеникот Борислав Крмов од партијата „Левица“ денеска обвини дека со предлог Законот за попис на населението, Владата ќе направи фалсификат на целиот процес на попишување.

Според Крмов, пописот ќе се спроведува без речиси никаков критериум и ќе се попишува буквално сè. Тој ја повика владата да биде повлечен предлогот со цел да биде доработен по стандарди на ООН и Еуростат, во спротивно народот ќе мора да се мобилизира.

„Ни спремаат попис каде немаме дефинирано „вкупно население“ и вкупно „ПОПИШАНО“ население! Без ниедна јасна дефиниција за тоа кои „единици“ ќе се попишуваат само се наброени.Не е јасно наведено кои „ПОДАТОЦИ“ ќе се прибираат. Прашалникот го нема.Зборот „ДИЈАСПОРА“ го нема. Нема скоро НИКАКОВ КРИТЕРИУМ ќе се попишува СЕ’!

И тие кои се тука, и тие кои не се, и тие со државјанство и тие без државјанство. Директорот на ДЗС има врзан потпис со заменикот од ДУИ. Уште еднаш ја повикуваме Владата да го повлече овој закон на сериозна доработка по стандардите на ООН и Еуростат. Во спротивно народот ќе биде приморан да се мобилизира за да спречи ФАЛСИФИКАТ! Ширете, ова НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНЕ!!!“ , напиша Крмов на „Фејсбук“.

Неодамна, лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев обвини дека 7 пратеници на опозициските албански партии Алијанса за Албанците и Алтернатива предложиле контроверзен Закон за државјанство.

Според предложените измени на Законот, се предвидува по брза постапка, без детална анализа од страна на Владата и јавна расправа, огромен број на странски државјани да добијат македонски пасош.

Апасиев обвини дека Владата со тоа ќе им овозможи на 70 илјади косовски државјани да добијат македонско државјанство и во земјава ќе биде извршен „вештачки етно инженеринг“.