дома Занимливости (Фото) КРШТЕВАЊЕ НА МАЛИОТ ПРИНЦ: Хари и Меган објавија фотографии од крштевањето...

(Фото) КРШТЕВАЊЕ НА МАЛИОТ ПРИНЦ: Хари и Меган објавија фотографии од крштевањето на кралското бебе

Крштевката на најмалиот член на британското кралско семејство се одржи подалеку од јавноста, така што деталите за церемонијата останаа во тaјност.

Хари и Меган објавија две фотографии – една со семејство и една на која двајцата го држат малото момче на нивниот официјален профил на Instagram.

Британските медиуми и љубителите на кралското семејство на семејната фотографија веднаш забележаа две лица кои до сега не биле видени на кралски фотографии.

Со мајката на Меган, Чарлс, Камила, Кејт и Вилијам, беа присутни и двете сестри на покојната принцеза Дијана, Леjди Џејн Фелоуес и Лејди Сара МекКоргудал.

Хари се чини е многу близок со тетките, бидејќи прво нив ги информирал за раѓањето на синот Арчи и ги стави нивните имиња во официјалното соопштение за раѓањето.

За разлика од неговиот брат, Вилијам тетките Џејн и Сара не ги покани за фотографирање со семејството за било кое од неговите три деца, а имињата на сестрите на принцезата Дајана не беа споменати во официјалните соопштенија за рaѓањето на Џорџ, Шарлот и Луис.