дома Анализи (Фото) Македонија не е на распродажба: Блокади во Скопје, Штип, Битола, Кавадарц,...

(Фото) Македонија не е на распродажба: Блокади во Скопје, Штип, Битола, Кавадарц, Велес, Кочани, Струмица, Прилеп, Кичево и Охрид

Граѓаните од дест градови во Македонија се кренаа на нозе против распродажбата на државните и национални интереси од страна на премиерот Заев, но и Бучковски кој е на функција специјален преговарач со Бугарија.

На барикадите, Штип, Македонија не е на распродажба, напиша Иван Јорданов, актуелен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и денеска како и вчера организира блокади во Скопје, Штип, Велес, Кочани, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Охрид, Битола и Кичево.

Кавадарчани на протестот бараа увид во договорот кој двоецот Зоран Заев – Владо Бучковски тајно го преговараат со Бугарија.