дома Спорт (Фото) Македонските xepои добија бpeндиран автобус

(Фото) Македонските xepои добија бpeндиран автобус

Македонските фудбалери во своето деби на европските првенства во јуни ќе носат дресови на чиј преден дел ќе доминира рисот, кој веќе е аплициран на новиот брендиран автобус на Фудбалската федерација на Македонија што ќе ги превезува во Романија и во Холандија.

На страничниот дел од автобусот стои и слоганот „Сега е наше време“, под кој „црвено-жолтите“ ќе се претстават на континенталната фудбалска смотра.

По несреќниот пораз од 3:2 против Романија во Букурешт на стартот од мундијалските квалификации, избраниците на селекторот Игор Ангеловски утревечер од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречекаат Лихтенштајн.