дома Европа (Фото) МАКРОН БECEH: Протече фотографија од него додека бил студент

(Фото) МАКРОН БECEH: Протече фотографија од него додека бил студент

Фотографија на францускиот претседател Емануел Макрон како студент се појавила во упатство за употреба на студентските карти на универзитетот во Нантер, пренесуваат агенциите повикувајќи се на „Фигаро“.

Сите новопримени студенти добиле меил, што содржел упатства како да се користи студентската карта, и во него имало фотографија на непознат човек.

Бруцошите биле изненадени од откритието дека на фотографијата е, всушност, францускиот претседател од деновите кога бил студент.

Интересно е дека Макрон студирал филозофија на универзитетот од 1999 до 2001 година.

Фотографијата била објавена и Твитер страницата на универзитетот.