дома КОВИД-19 (Коронавирус) (Фото) Министерот Филипче ја доби и втората доза од вакцината

(Фото) Министерот Филипче ја доби и втората доза од вакцината

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими и втората доза од вакцината Синофарм.

-Денеска ја примив втората доза од вакцината на кинескиот производител Синофарм. Вакцината е единствениот начин да се спречат компликациите и тешките облици на Ковид 19. Сите вакцини кои ги имаме во нашата држава се безбедни и ефикасни, апелирам до сите граѓани да се пријават за вакцинација, само така ќе го победиме вирусот, напиша Филипче на Фејсбук.