дома Сцена (Фото) Мултимилијардерот Роман Абрамович се одмора во Дубровник

(Фото) Мултимилијардерот Роман Абрамович се одмора во Дубровник

Роман Абрамович е снимен во Дубровник.

Мулти милијардерот пристигна на старото градско пристаниште со брод и се прошета опуштено по Страдун. Во класична маслиново-зелена маица со јака, фармерки и патики, тешко беше да се признае дека тој е еден од најбогатите луѓе на светот.

Патем, кон средината на јули, неговата мегајахта е забележана во водите во Дубровник. Јахтата, со која Абрамович ја посетува Хрватска неколку години по ред, е долга 163 метри, а е изградена во 2009 година на германското бродоградилиште Блом + Вос.

Може да смести 30 гости, има 70 членови на екипаж, три хеликоптери, диско клуб, оклопни прозорци, два базени, велнес центар и ракетен штит. Изградбата на јахтата чинела 340 милиони евра.