дома Македонија (Фото) Мaкeдoниja имa co штo дa ce гopдee: 14-годишно „чyдo“ кoe кaкo...

(Фото) Мaкeдoниja имa co штo дa ce гopдee: 14-годишно „чyдo“ кoe кaкo МBП ja вoдeшe зeмjaтa дo титyлa

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 17 години освои злато на ЕХФ Шампионатот во Литванија. Нашиот национален тим го совлада Исланд и дојде до голем успех.

Верувале или не, МВП на турнирот е 14-годишна ракометарка од Македонија! Младата Ива Младеновска, која настапува за ЖРК Металург, имаше блескав турнир и ја водеше земјата до посакуваниот успех кој е голем за женскиот ракомет.

Оваа млада девојка е една од најперспективните млади ракометарки во нашата земја, родена е 2007 година и игра на дефицитарната позиција десен бек, но може да игра и на позиција десно крило.

Покрај Младеновска како МВП, македонските ракометарки собраа уште две награди. Во идеалниот тим се најдоа голманката Марија Јовановска и десното крило Теодора Дукоска.

Извор: www.gol.mk