(Фото) „Најдоброто“ од СДСМ: Филиповски бил уcловно ocyден за нaнесување тeшка тeлecна повpeдa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот на СДСМ за градоналник на Аеродром, Александар Филиповски, во 2005-2006 година бил осуден условно на 1 година затвор за нанесување тешки телесни повреди на лицето Р.П., открива извор близок до учесниците во кампањата, пренесува Плусинфо.

Настанот се случил некаде пред 16 години, кога е поведена кривичната постапка. Предметот за оштетноти побарување на тешко повредениот се влечкал до 2012 година, кога е пресудено дека Филиповски мора да плати висока оштета.

Сево ова се гледа и од документите што се доставени до Плуснфо. Еве две фотографии на дел од пресудите.

– Како може вакво лице, осудено за насилство, да биде избрано за градоначалник? Дотолку повеќе што имаме сознанија дека ова не е единствениот ваков настан поврзан за Филиповски – вели изворот.

Плусинфо консултираше правен експерт и утврди дека од формално-правен аспект, овие пресуди не го засегаат правото на Филиповски да избира и да биде биран.
– Изречената казна одамна е избришана од казнената евиденција. Така налага законот. Тоа значи дека

Филиповски ги има сите граѓански права и правно се смета за неосудуван. Друг е моралниот аспект на прашањето. Луѓето подолго од законот ги помнат ваквите дела и казните и затоа, не е невообичаено во кампањите заинтересираните страни да го вадат валканиот веш. Затоа е подобро кандидатите да имаат беспрекорни досиеја од овој аспект – вели експертот.

Извор Плусинфо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This