дома Свет (Фото) Најмалку двајца зaгинaти во cyдир на хеликоптери

(Фото) Најмалку двајца зaгинaти во cyдир на хеликоптери

Најмалку две лица загинаа денеска при судир на два хеликоптери во источна Либија, објавија силите лојални на либискиот командант Калифа Хафтар. Во несреќата загинаа двајца офицери, од кои едниот е генерал Бузид ал Бараси, додека екипажот на друг хеликоптер преживеа.

Либиската национална армија (ЛНА), командувана од генералот Калифа Хафтар, објави дека хеликоптерите се судриле во воздухот над селото Мсус, 130 километри југоисточно од градот Бенгази, објави АП.