дома Македонија (Фото) На инспекција кај кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а после на ручек кај...

(Фото) На инспекција кај кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а после на ручек кај кандидат на СДСМ?

Утрово, не цели 24 часа откако беше промовиран како кандидат за иден градоначалник на Ранковце, во маркетот кој го држи Борче Спасовски влегоа десетина инспектори. 12 инспектори од пазарна, финансиска полиција и УЈП влегле да прават контроли во дуќанот на Спасовски и одзеле компјутерите за работа во маркетот „Динамит“ во селото Ранковце, сведочат жителите на ова место.

Семејството на Спасовски е убедено дека инспекторите се дојдени по налог на вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски кој е од Крива Паланка и е одговорен во партијата за овој крај на Македонија.

Неофицијално, дозннава Инфомакс, по завршената инспекција, инспекторите биле на ручек во ресторан „Воденица“, во Крива Паланка, кој, пак, е во сопственост на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Крива Паланка.