April 24, 2024, 11:39 am

(Фото) На Мрме нema да му се продолжи договорот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорот на најуспешниот фудбалски селектор во историјата на Македонија истекува задутре а Фудбалската федерација се уште нема потпишано договор со Игор Ангеловски – Мрме.

Според федерацијата не сакале да преговораат со селекторот пред да заврши договорот иако практика на сите федерации е договорите на тие што направиле огромни успеси како пласманот на Македонија на европско првенство да бидат продолжени без исчекување.

Неофицијални информации од таборот на шефот на ФФМ Насер Синани е дека Ангеловски барал повеќе пари што е легитимно по огромните пари што и ги донесе на федерацијата со пласманот на ЕП.

Ангеловски има повеќе алтернативи а Синани тешко ќе може да и објасни на јавноста зошто не успеал да го ангажира човекот што го направи еден од најголемите успеси на македонскиот комерцијален спорт.

Евентуален неуспех на Синани во овој правец и туркање на Ангеловски надвор од репрезентацијата теба да значи оставка и за Синани кој ќе го урне духот на тимот што мина низ сцили и харибди за да дојде до најголемото европско репрезентативно натпреварување.

Во ФФМ иако Синани има контрола на работите има луѓе кои што размислуваат во овој правец.

Носење на спорни селектори како Просинечки на местото на Ангеловски кој успеа во неверојатното секако е неуспех за менаџерот Синани и за тоа тој во нормална држава треба да си даде оставка или да биде сменет од Управниот одбор на федерацијата.

Стресот и неизвесноста што Синани им ја прави на фудбалерите во многу федерации е доволна причина тој да биде сменет од функцијата.

Еве како некои од специјализираните спортски портали го опишуваат она што и се случува на репрезентацијата во моментов во контекст на спорот Синани – Ангеловски.

Извор: Спортманија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This