April 20, 2024, 12:52 am

(Фото) На скопскиот аеродром слетаа авионите со посмртните останки на македонските државјани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двата воени авиона со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани слетаа на скопскиот аеродром.

Авионите се бидат придружувани од министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, кој за таа цел отпатува во Софија.

Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.

Ќе присуствуваат претрседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на Исламската верска заедница.

Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на семејствата на загинатите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This