дома Европско првенство (Фото) Новиот капитен се изнаплака поради заминувањето на Пандев

(Фото) Новиот капитен се изнаплака поради заминувањето на Пандев

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев денеска за последен пат со капитенската лента околу раката ќе ја предводи Македонија. Нашиот најдобар фудбалер одлучи да се прости од националниот тим по завршувањето на ова ЕП, а тоа ќе се случи по денешниот натпревар со Холандија во Амстердам на „Јохан Кројф Арена“.

Поради сето ова, емоциите работат во таборот на македонскиот национален тим, а особено тешко му падна на Стефан Ристовски, заменикот на Пандев во репрезентацијата кога станува збор за капитенската лента.

Десниот бек на Динамо Загреб не можеше да ги запре солзите што за последен пат ќе игра со својот постар колега, а овој момент има и посебна тежина, бидејќи Ристовски ќе го наследи Пандев како нов капитен на нашиот национален тим.