дома Свет (Фото) Обран со нов шок за Брисел: Се фотографираше со коалициониот партнер...

(Фото) Обран со нов шок за Брисел: Се фотографираше со коалициониот партнер на Салвини кој ја пocpaмоти Европа

Виктор Орбан заедно со полската партија Право и правда се трн во ногата на „прогресивната“ Европа која од ден во ден е се поблиску до екстремен неолиберализам.

Орбан неретко ги провоцира бирократите во Брисел фотографирајќи се со останатите десничари популисти кои во цела Европа се во подем.

Тој на својот Фејсбук профил објави фотографија со Џорџија Мелони пријателка и коалиционен партнер со партијата на Матео Салвини од Италија која се прослави со говорот со кој ја посрамоти Европа.

Мелони пред две години ја посрамоти Европа откако ја обвини Франција и Макрон кој се залагаше за прифаќање на што е можно поголем број мигранти дека се уште печати колонијални пари во Африка.

Додека цел свет го критикуваше Салвини зошто не дозволи полн брод африкански мигранти да се закотви во италијанските пристаништа, Мелони посочи дека колонијалистичките политики на европските држави се причината зошто мигрантите бегаат од своите држави.

Таа поконкретно говореше за состојбата во Буркина Фасо каде државната валута е поддржана од Франција,  во замена за крвави дијаманти и останати ресурси кои ги копаат малолетни деца.