дома Македонија (Фото) Ова е момчето кое ги крена средношколците на нозе

(Фото) Ова е момчето кое ги крена средношколците на нозе

Жал ми e за вас што скоро секој ден ме навредувате, ме напаѓате и ме линчувате мене и Сојузот без воопшто да нè познавате. Не кажувате ништо посебно освен нивото на кое се наоѓате.
Чисто информативно, за да знаете и да не бидете неуки во текот на целиот ваш живот:

1. ССРСМ е непрофитно, независно, непартиско ученичко движење, основано во ноември 2017 во Тетово.

2. Сојузот има платформа за обединување на сите средношколци во едно силно средшнолско движење.

3. ССРСМ за прв пат во историјата на Македонија, ги обедини сите ученици без разлика на етничкиот, верскиот и економскиот бекграунд кои тие го имаат.

4. За прв пат во историјата на ученичките движења на РСМ, ССРСМ успеа да дејствува во 17 градови во земјата со 500+ учесници и 47 застапници.

5. Гласот на учениците на РСМ никогаш не бил толку факторизиран фактор на државно ниво.

6. Денес, благодарение на залагањата на ССРСМ, средношколците се учесници во националните образовни политики.

7. Како никогаш до сега, Премиерот, Министерката за образование, Министерот за здравство (итн), се консултираат со Унијата на средношколците за безбедно отворање на училиштата.

8. Сојузот на средношколците има подготвено манифест за соодветни реформи во образованието со над 75 барања и препораки за образовните институции и Владата.

9. Средношколците веќе се претставени и на меѓународната сцена од страна на Сојузот на средношколците, имајќи десетина состаноци со дипломати и амбасадори од земјите на ЕУ 🇪🇺 и САД 🇺🇸.

10. Деновиве, проблемите на средношколците можете да ги најдете секој ден по медиуми.

Овие и многу други достигнувања се реализирани во текот на моето раководење со Сојузот ✅, нормално имајќи со себе еден извонреден стаф од ученици (потпретседателите Leutrim Bilali и Vanesa Krsteva; Секретарката Ana Marija Petkovska; Советниците Luka, Naser, Kalina, Sara, Emir и Dejana; PR Amar.
Затоа кога ке станете синоним на успехот, храброста, упорноста за барањата тогаш можете да зборувате против нас.