дома Македонија (Фото) Ова е писмото кое го доби Брнс од опозицијата

(Фото) Ова е писмото кое го доби Брнс од опозицијата

Најмалку 33 пратеници се потпишани на писмата кои опозицијата утринава ги испрати до амбасадите на САД, ЕУ, Франција, Германија, Велика Британија, ОБСЕ и на уште неколку адреси во кои се наведени незаконитостите и неуставноста за изборот на Цветанка Иванова и Васко Талевски за Уставни судии, предложени од владеачката СДСМ.

Во писмата, кои Вечер.мк ги има на увид, наведено е дека Цветанка Иванова и Васко Талевски немаат правосудно искуство, немаат стручни трудови и не се во категоријата истакнати правници за да бидат избрани за судии на Уставниот суд.

– Цветанка Иванова е позната како долгогодишен пратеник од редовите на СДСМ и државен службеник во општина Струмица кога градоначалник беше Зоран Заев, а и политички е именувана на функцијата генерален секретар на Собранието, предложена од Зоран Заев.

Иванова и Талевски се истакнати членови на СДСМ што е неспоиво со член 111 од Уставот.

Иванова доби јавна благодарница за нејзиниот ангажман од СДСМ, а Талевски беше член на извршиот одбор на СДСМ и јавно го ажурираше своето членство на 29 јануари 2021 година.

Ова јасно покажува дека двајцата кандидати немаат професионален капацитет, не се искакнати правници за да бидат избрани за Уставни судии, а нивниот партиски ангажман е спротивен на Уставот.

Со евентуалниот избор на Иванова и Талевски, ќе се изврши партизација и девалвација на Уставниот суд.

ВМРО-ДПМНE во изминатиот период даде поддршка на реформите во правосудството со заедничлка цел поддржана од САД, ЕУ и ОБСЕ да се избираат лица со професионално искуство и лица кои дале научен придонес во праводуството, стои во дописот на опоцијата до повеќе сттрански амбасади, меѓу кои и до американската амбасадорка Кејт Брнз, европскиот амбасадор Дејдив Гир и други.

Дописот на опозицијата до странските амбасадори

Ваквиот допис до странските амбасадори следува откако вчера, во комисијата за избори и именувања, пратениците од СДСМ надвор од Уставот и деловникот за работа на Собранието, насила се обидоа да ги протнат предлозите Цветанка Иванова и Васко Талевски да бидат предложена за уставни судии, што наиде на несогласување кај опозицијата.

По неколку седмици тактизирање, неделава се очекува, конечно, да се дознаат имињата на тројца кандидати за нови уставни судии, откако кон крајот на минатиот месец им завршија деветгодишните мандати на судиите Елена Гошева, Сали Мурати и Никола Ивановски.

Третото место е за правник од помалите етнички заедници, за чиј избор ќе треба да се обезбеди и Бадентерово мнозинство.