дома Uncategorized (Фото) ОД МАКЕДОНЦИ СТАНАВМЕ КОСА ЦРТА: Изводи за родени се издаваат со...

(Фото) ОД МАКЕДОНЦИ СТАНАВМЕ КОСА ЦРТА: Изводи за родени се издаваат со коси црти во графата за државјанство

Во изводите од матичните книги за родени кои ги добиваат граѓаните деновиве не го пишува државјанството.

Во графата за државјанство, наместо тоа да биде наведено, има коси црти, што може да се види и од фотографијата во прилог направена од извод издаден денеска.

Одговори се обидовме да добиеме од надлежните. До Управата за водење на матичните книги прашавме од кога графата за државјанство се пополнува со коси црти и зошто; кога ќе почне да се пополнува и што ќе пишува во неа? Но, до моментот на објавување на овој текст не добивме официјален одговор.

Инаку, државјанството беше предмет на спогодба во договорот со Грција, каде се споменува како ќе биде дефинирано тоа во патните исправи.

„Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи“, пишува во членот 1, став 3 од Преспанскиот договор.