дома Локално (Фото) Отkopнати дрвја и бaндери: Невремето пpeдизвика голема штeта во Струмица

(Фото) Отkopнати дрвја и бaндери: Невремето пpeдизвика голема штeта во Струмица

Невреме со силен ветар и дожд, кое вечерва околу 21:00 часот го зафати струмичкиот регион, предизвика штети на повеќе локации.

Според информацијата од Територијалната против пожарна единица на Струмица, урнати се големи дрвја на улицата „Елка Јанкова“, на излезот од Струмица кон селото Куклиш и на улиците „Крушевска република“ и „ 5 Ноември“, а во селото Петралинци заради уривање на столб прекинато е снадбувањето со струја.

Наши екипи интервенираа каде има паднати дрвја, а со брза интервенција успеавме да отстраниме делови од искршено дрво на патот Струмица-село Куклиш каде овозможивме, по кусиот прекин, сообраќајот да продолжи да се одвива по една коловозна лента, информираше Алекдандар Гудев, командир на ТППЕ Струмица.

Според информациите од струмичките пожарникари, нема повредени, ниту пак е предизвикана штета врз возила и објекти.