дома Актуелно (Фото) Пендapoвски пpифaтил дa бидe ceвepномакедонски пpeтседател

(Фото) Пендapoвски пpифaтил дa бидe ceвepномакедонски пpeтседател

За време на посетата на Словачка македонскиот претседател Стево Пендаровски ги прекршил македонските закони со ставање потпис на придавка која е крајно навредлива за Македонците.

Пендаровски во книга на впечатоци при посетата на Братислава напишал поздравна порака над објаснувањето на домаќините дека тој е претседател на северномакедонската република.

“Искрена и длабока почит за пријателскиот Словачки народ” напишал Пендаровски а под него таа порака стои навредливото објаснување кое нему не му пречело.

Скандалот го открива партијата “Твоја” на нивниот Твитер профил.

Од Твоја бараат објаснување за скандалот од претседателот.

Извор: Експрес