дома Занимливости (ФОТО) ПЛИВАЛ ПОД МРАЗОТ НА АНТАРКТИКОТ: Сакал да ги демонстрира брзите промени...

(ФОТО) ПЛИВАЛ ПОД МРАЗОТ НА АНТАРКТИКОТ: Сакал да ги демонстрира брзите промени на мразот и во океаните предизвикани од климатските промени

Луис Пуг од Плимут пливал под мразот на Антарктикот. Се прашувате зошто? Станува збор за амбасадор на ООН за животната средина кој сака да ги демонстрира брзите промени на мразот и во океаните предизвикани од климатските промени.

Пливањето на Луис Пуг во вода чија температура беше само неколку степени над нулата, траело десет минути. Имал само гаќички за капење, очила и капа. Како што вели, можел насекаде да види вода од топење.

Пуг пливал после извештаите според кои температурите на океанот достигнала историски максимум.

Храбриот пливач на Фејсбук напишал дека пливањето под мразот на Антарктикот е едно од најубавите, но и најстрашните искуства што ги доживеал досега.

„Сите нијанси на сина и скоро целосна темнина. На половина пат, слушнав пукање на ледот над мене и мислев дека ми дојде. За среќа, тоа беше само преместување на мразот“, напишал Пуг.
Како што вели, тој пливал за да ја пренесе пораката: „Присуствував на брзо топење во оваа област. Без сомнение, се соочуваме со итен случај“.

Тој ги повикал светските лидери да преземат акција бидејќи, како што рече, времето истекува.
Пју е амбасадор на Обединетите нации за животна средина. Тој плива со делфини и пингвини повеќе од три децении и ја мери температурата на морето од Антарктикот до Арктикот.

„Моја е одговорноста да го кренам гласот за океанот, за неверојатниот живот на океанот, пингвините, делфините, но и за децата. Мојата порака е – тоа што се случува со океаните, ќе влијае на секоја личност на планетата“, напоменал Пуг.

Истакнал дека за време на триесетгодишното искуство во пливање, видел промена на океанот и дека на тоа влијаеле климатските промени, премногу риболов и загадување.

Тој порачал дека се гледа дека мразот станува сè потенок секоја година и станува сè помал. Исто така, температурата на водата се зголемува.