дома Европа (Фото) ПОВТОРНО СЕ НАЈДЕ НА ДНОТО: Македонија претпоследна во Европа според државните...

(Фото) ПОВТОРНО СЕ НАЈДЕ НА ДНОТО: Македонија претпоследна во Европа според државните анти-kpизни мерки

Статистичка анализа на количината на средства кои се издвојуваат како државна помош во периодот на кopона-виpyсот покажуваат дека помошта која владата на Република Македонија ја издвои е далеку од „блескава“.

Само Белорусија (земја која „не го признава корона вирусот“) има помал процент на издвоена државна помош од Македонија, споредено со бруто домашниот производ на земјите од 2019 година.

Белорусија одвоила 0,1%, Македонија 0,2%, а земјите од соседството, како споредба, ги имаат следните бројки: Албанија 1,3%, Косово 2,3%, Србија 11%, Грција 4,5%, Бугарија 3,5%.

Највисок процент одвојува Германија (30,6%), по која следат Британија (24,6%), Италија (20,4%), Шпанија (20%), Унгарија (19,6%) и Чешка (18%).

https://twitter.com/visegrad24/status/1250447651717472256