дома Хроника (Фото) Пожap во Аеродром пpeдизвика ekcплозиja на плински бoци

(Фото) Пожap во Аеродром пpeдизвика ekcплозиja на плински бoци

Пожар избувна денеска во подрумските простории во зграда на улицата „23 октомври“ во Аеродром. Причината за пожарот уште е непозната, но по негово настанување, експлодирале и две плински боци.

Како што информира за МИА, командир на тимот на Територијална противпожарна единица, Среќко Чимевски, со настанување на пожарот, граѓаните пријавиле и силна експлозија, по што е утврдено дека експлодирале плински боци.

Според очевидците, пожарот настанал или од заварување, или од дотраена инсталација.

На терен интервенирале две противпожарни возила и десет пожарникари обезбедени со кислородни боци. Пожарот е локализиран во првата фаза, а во моментов се проверува дали е целосно изгаснат