дома Занимливости (Фото) Позната српска инфлуенсерка отстранила личност од фотографијата, но заборавила на клучниот...

(Фото) Позната српска инфлуенсерка отстранила личност од фотографијата, но заборавила на клучниот детаљ

Познатата српска инфлуенсерка со повеќе од 150.000 следбеници, Ена Луна (Ена Чубрило), сакала да има фотографија од себе и оваа приказна добива смешен правец.

Наместо лицето кое ја фотографирало да го прилагодува аголот на фотографијата или да побара лицето од фотографијата да се помести за момент, таа одлучила тоа да го реши со фотошоп на фотографијата пред објавување.

На прв поглед, фотографијата изгледа прилично добра, па младата дама ја објавила, но стручното око на верните придружници забележа огромен пропуст. Имено, Ена заборавила дека под масата се уште многу јасно се видливи нозете на личноста која таа толку „стручно“ ја отстранила од фотографиите.

Секако, ја пофалуваме реакцијата на инфлуенсерката откако фановите ја предупредиле за овој пропуст, имено таа не ја отстранила фотографијата туку се смеела на своја сметка.

Објавената фотографија:

Пропуштен детал:

Реакцијата на Ена на предупредувањето: