дома Европа (Фото) ПОКАЖА ДЕКА Е ВО ТОП ФОРМА: Макрон се соблече и го...

(Фото) ПОКАЖА ДЕКА Е ВО ТОП ФОРМА: Макрон се соблече и го покажа своето тело

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата 66-годишна сопруга Брижит тргнале на заеднички излет со гумен глисер на југот на Франција.

Емануел и Брижит се сончале на глисерот, а тој покажал и дека е умешен во возење на скутер.

41-годишниот претседател ја покажа завидната линија и топ-формата еден ден пред состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, кој исто така сака често да ги покажува своите мускули.

Емануел бил облечен само во кратки панталони, а Брижит во лесна бела кошула, а погледот кој го криела зад црните очила не го одвојувала од згодниот сопруг.

Извор Прес24