дома Временска Прогноза (Фото) Прогноза на УХМР: Еве какво ќе биде времето до вторник

(Фото) Прогноза на УХМР: Еве какво ќе биде времето до вторник

Под влијание на нов влажен бран, утре преку целиот ден ќе има пообилни врнежи и на повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2, а локално и над 40 л/м2 воден талог. Во западните делови од раните утрински часови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка.

Во недела ќе има слаб локален дожд и снег, а од понеделник следува период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер.