(Фото) Продолжува да се гради дивогpaдбата на Стојменов во строгиот Центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред нешто повеќе од една година полицијата во центарот на Скопје избрка градежни работници од објект за кои велат дека нема дозвола за градба.

Се работи за објект каде се наоѓаше поранешниот трговски центар Беко во сопственост на Борис Стојменов сопственикот на Канал 5 телевизија кој не ја поседува потребната документација за градба во строгиот центар на Скопје.

Општина Центар уште во февруари 2020-та година издаде решение за да се отстрани градбата на улицата „Даме Груев” 35а, поранешно БЕКО или локацијата каде што беше хотелот ТЦЦ плаза.

На 8 мај 2020-та година со записник од извршен инспекциски надзор, градежна инспекција на Центар го затвора градилиштето кое е оградено, поставена е лента за спречување на натамошна изградба и на јавно место е истакнато дека е затворено од градежна инспекција, а инвеститорот има рок од 30 дена да ја усогласи натамошната изградба или да ја отстрани градбата. Но, инвеститорот самоволно ја отстранил лентата за заградување на објектот и служебниот знак со кој е затворено градилиштето и продолжил со градба.

Екс градоначалникот на Центар го повика и обвинителството на терен за да поведе постапка против Стојменов, но тоа никогаш не се случи.

-Веќе неколку пати му е издадено решение за стопирање на градежните работи, но и покрај тоа се гради. Повикувам Обвинителството да излезе на терен и да поведе постапка. Додека не се донесе новиот план Мал ринг не смее да се гради – вели Богдановиќ.

Во моментов непречено се одвиваат градежни активности на објектот во Центарот на Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This