дома Свет (Фото) ПУКАЊЕ ВО ТАЈЛАНД: Meѓу загинатите и двегодишно девојче

(Фото) ПУКАЊЕ ВО ТАЈЛАНД: Meѓу загинатите и двегодишно девојче

Три лица се убиени, вклучувајќи и двегодишно девојче, а неколку се повредени, откако напаѓач денес отворил оган во еден трговски центар на Тајланд.

 

 

 

 

 

Маскираниот човек провалил во продавница во Лопбури северно од Бангкок во околу 21 часот по локално време, односно во 15 часот по средноевропско време.

Медиумите пренесуваат дека убил еден човек од обезбедувањето, а потоа и млада жена која работела во златарница. Потоа било застрелано и двегодишно девојче.

 

 

 

 

Двајцата вработени починале на самото место, а девојчето подоцна починало во болница.

Најмалку пет лица, вклучувајќи и еден турист биле тешко повредени и пренесени во болница. Фотографиите од трговскиот центар прикажуваат голем број на луѓе ранети во локви крв.

 

 

 

 

 

Камерите прикажуваат како убиецот бега со мотор пред полицијата да дојде на самото место. Се смета дека ограбил златарница во трговскиот центар.