March 29, 2024, 12:45 am

(Фото) Путин сам против целиот тим Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајен, разговарале преку видео врска на повеќе теми – од Украина до сајбер криминалот, соопшти Белата куќа по разговорот меѓу двајцата лидери кој траеше повеќе од два часа.
Според соопштението, Бајден му изразил сериозна загриженост на претседателот на Русија во врска со акумулацијата на руски војници на украинската граница. Тој јасно стави до знаење дека САД и нивните сојузници ќе одговорат со остри економски и други мерки на воената ескалација, доколку таа се случи.
За време на разговорите, Бајден додаде дека ја потврдил својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и „повикал на деескалација и враќање на дипломатијата“.
„Двајцата претседатели им наложија на своите тимови да продолжат да работат. Соединетите Држави ќе го направат тоа во тесна координација со сојузниците и партнерите“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Се наведува дека Путин и Бајден разговарале и за стратешката стабилност, сајбер криминалот, како и за заедничка работа за решавање на регионалните прашања, вклучително и за проблемот со Иран.

Белата куќа објави фотографија од самитот на која се гледа дека на едната страна рускиот претседател седи сам, додека на другата страна американскиот претседател го опкружува целиот тим.

Средбата се одржа преку видео врска и беше затворена за јавноста. На новинарите им бил прикажан само почетокот на средбата, каде двајцата лидери се поздравиле и размениле неколку фрази.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This