дома Локално (Фото) Пaдна оградатa од мостот на реката Пена во Тетово, за среќа...

(Фото) Пaдна оградатa од мостот на реката Пена во Тетово, за среќа нема повpeдeни

Падната една од оградите на последниот мост на река Пена во Тетово на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ познат како Индустриска улица. Граѓани од блискиот станбен комплекс на згради Блок 70 кога забележале дека е падната оградата јавиле за проблемот во пожарната и полицијата.

Околу 18 часот добивме повик од граѓаните дека е падната оградата од мостот. Интервениравме веднаш со поставување на дрвени палети и ленти со цел да се ограничи движењето кон границите на мостот и да се избегне опасност од паѓање во реката – информираше Ука Алити, командант на тетовската пожарна.