дома Свет (Фото) Пaниka во Капитол: Уaпceн вoopyжен мaж кај сeдиштето на Дeмократскиот нaционален...

(Фото) Пaниka во Капитол: Уaпceн вoopyжен мaж кај сeдиштето на Дeмократскиот нaционален koмитет во Вашингтон

Американската полиција во Капитол соопштии дека е уапсен маж со бајонет и мачета во близина на седиштето на Демократскиот национален комитет во Вашингтон. Осомничениот е пронајден два блока подалеку од зградата на Капитол во возило со крстови и други екстремистички симболи.

Во соопштението објавено денеска, полицијата во Капитол изјави дека Доналд Крегхед, 44-годишник од Калифорнија, бил запрен откако полицајците ги забележале екстремистичките симболи на неговиот камион и слика на американско знаме на местото на регистарската табличка. Крегхед, кој живее во американската држава Калифорнија, е уапсен под сомнение дека поседувал забрането оружје, пренесува „Гласот на Америка“.

Се посочува дека осомничениот бил приведен кога припадниците на Специјалната полиција забележале камион без регистарски таблички, со нацистичка свастика и други симболи на таа идеологија во близина на седиштето на демократите.

Полициските службеници забележале бајонет и мачета во возилото, сечила чие поседување не е дозволено во Вашингтон.

„Тој ѝ рече на полицијата дека е на патрола и зборувал за расистичка идеологија и други теми поврзани со превласт на белите“, се вели во соопштението.

Инцидентот се случува во услови на страв од немири на претстојниот собир на десницата.