дома Хроника (Фото) Пoлициcкa akциja вo близинa нa ceлo Cтapo Лaгoвo: 3aплeнeти 53 килoгpaми...

(Фото) Пoлициcкa akциja вo близинa нa ceлo Cтapo Лaгoвo: 3aплeнeти 53 килoгpaми mapихyaнa, пpивeдeнo eднo лицe

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, по претходно добиени оперативни сознанија, на 08.12.2020 во 13 часот во близина на с. Старо Лагово го лишија од слобода Ф.Д. (46) од с.Калишта, кој управувал патничко возило „ауди“. На даден знак од полициски службеник да застане, Ф.Д. не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми. По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен.

По документирање на случајот, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.