дома Македонија (Фото) Пoлни лoкaли и pecтopaни: Угocтитeлитe eдвaj дoчeкaa paбoтa дo 21 чacoт

(Фото) Пoлни лoкaли и pecтopaни: Угocтитeлитe eдвaj дoчeкaa paбoтa дo 21 чacoт

Луѓето како едвај да го дочекаа продолженото работно време на рестораните и на кафулињата.

Од завчера, откако наместо до 18 часот, угостителските објекти се отворени до 21, секаде е полно и се бара маса повеќе.

Таква една слика видовме и вечерва во центарот на Скопје. Без оглед на врнежливото време, луѓето се излезени во рестораните, каде што засега се одржува препорачаната дистанца, и се почитуваат мерките- не повеќе од четири лица на маса.