дома Македонија (Фото) Реката Брегалница се излеа – жителите стравуваат од поплави

(Фото) Реката Брегалница се излеа – жителите стравуваат од поплави

Поради обилните врнежи од дожд, зголемен е водостојот на река Брегалница во Делчево и нејзините притоки при што постои опасност од нивно излевање.

Реката веќе се излеа во мини коритото, а преку социјалните мрежи се шират апели за заштита на критичните места.

Читатели на порталот „Делчево365“ јавуваат за итна интервенција на југозападната страна од градскиот базен бидејќи водата е на само неколку метри од бандерите за електрична енергија.