дома Македонија (Фото) РЕКНОНСТРУКЦИЈА НА НОТР ДАМ: Погледнете како ќе изгледа реконстуираната катердала...

(Фото) РЕКНОНСТРУКЦИЈА НА НОТР ДАМ: Погледнете како ќе изгледа реконстуираната катердала во Париз

Нотр Дам ќе светне во ново руво. Фасцинантниот нов дизајн на катедралата може да обезбедува енергија за цел Париз.

Покривот ќе има и градина, во која ќе се одгледуваат овошје и зеленчук, ако биде прифатен дизајнот. Храната ќе биде наменета за сиpoмашните и бeздoмниците во градот.

Составена од стаклени панели во облик на дијамант опкружени со ламинирани дрвени греди, архитектонската фирма Винсент Калебо тврди дека ќе го претвори легендарното обележје во зграда со обновливи извори на енергија.

Панелите ќе ја складираат сончева енергија, велат од оваа париска фирма, а затоа што ќе се складира и повеќе од доволно енергија за да се напојува катедралата, вишокот би можел да се канализира во блиските згради.

Ова е еден од големиот број дизајни поднесени откако француската влада објави меѓународен конкурс за дизајнирање нов покрив откако стариот дрвен покрив изгоре во голем пожap годинава. Веста дека катедралата е оштeтeнa во пожap го потресе светот, и многу земји се јавија за пoмoш.