дома Македонија (Фото) Реџепи работел во Холандската амбасада? – Пратеникот на Беса иcчезна по...

(Фото) Реџепи работел во Холандската амбасада? – Пратеникот на Беса иcчезна по посетата на Руте на Македонија

Вчерашниот ден пред гласањето на недоверба на Владата на Зоран Заев го одбележа посетата на холандскиот премиер на Македонија, Марк Руте.

Никој со сигурност не може да ги потврди намерите на Руте за оваа посета во време на голема политичка криза на државата и најавена оставка на премиерот и претседател на СДСМ, Заев, но истата вроди со големи сомнежи кај пошироката јавност.

Она што е навистина шокантно е профилот на Кастриот Реџепи на социјалната мрежа Линкд Ин на кој што стои дека тој е вработен во Амбасадата на Република Холандија како конзуларен асистент oд 98 година.

Овие информации сега за сега се неофицијални, а се чека потврда од Холандската амбасада.

Се поставува прашањето дали на било каков начин холандскиот премиер Руте влијаел врз Реџепи да го промени својот став по однос на гласањето на недоверба на Владата на Заев?

Реџепи се огласи на Фејсбук и посочи дека европски дипломати побарале од него да не гласа за пад на Владата на СДСМ.