дома Свет (Фото) Сателит откри тајни скалдишта на нykлеарно opyжје во Северна Кореја

(Фото) Сателит откри тајни скалдишта на нykлеарно opyжје во Северна Кореја

Новата сателитска снимка објавена од американските медиуми наводно открива дека Северна Кореја презела мерки за да сокрие објект за кој американската разузнавачка служба верува дека служи како складиште за нуклеарно оружје.

Фотографијата од сателит е направена на 11 февруари, а ја анализирале експерти од Институтот Мидлбери во државата Вермонт.

Експертите велат дека Северна Кореја изградила нови структури во Јонгдоктонг во 2020 година, а истражувачите велат дека е направена со намера да се сокријат влезовите во тунелите што водат до складиштето за нуклеарно оружје .

„Фотографиите покажуваат два влеза во тунелот во 2019 година и нова зграда на таа локација во 2021 година“, рече ffефри Луис, професор по меѓународни студии и специјалист за разузнавање во Мидлбери.

Јонгдоктонг, американското разузнавање претходно го означи како место каде што се чува нуклеарно оружје и се верува дека сè уште се користи за оваа намена, изјави неименуван американски разузнавач за американските медиуми.