(Фото) Сега поради Цветин цел свет ќе не разбере

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Цветин Чилиманов на англиски Твитна што вчера впрочем се случуваше во Скопје и која беше вистинската приказна за метежот во главниот град.

Тој истакна дека власта за да ги казни граѓаните што гласале за ВМРО на локалните избори ги исклучила семафорите за да создаде сообраќаен хаос за кој потоа ќе ја обвини новата градоначалничка Арсовска.

-Во обид да ги казни скопјани што гласале за ВМРО, полицијата на Заев вчера во попладневниот шпиц ги исклучи семафорите, предизвикувајќи безбожен хаос во градот. Потоа се обидуваат за тоа да ја обвинат новата градоначалничка Данела Арсовска, напиша на англиски на Твитер, новинарот.

Со телеграма за спроведување на „генерална проба“ за претпоставени протести на граѓани поради несреќата со автобусот на „Дурмо Турс“, „Беса Травел“ и пожарот во модуларнната болница во Тетово, вчера попладне полицијата го блокираше главниот град Скопје, предизвикувајќи целосен колапс на сообраќајниот систем во претстолнината.

Телеграмата со број 407 испратена до началниците на ЕКРА, ЕУМНА, ЕИП, началниците на ЕБР, ЕБПС, ОБПС, командирите на сите ПСОН и ЕИК при СВР Скопје, на 07.12.2021 година, е наредба со која се ангажираат полициски сили за обезбедување на протест – генерална проба на протест во градот Скопје.

Во истата телеграма, дополнително се наведува, на последната страна (стр.3) дека за генералната проба одговорен за сообраќајот е началникот на ОБПС.

Од МВР одговорија на прашањата на Инфомакс со потврда дека таква телеграма постои, но и со објаснување дека по истата не било постапено.

Од градот Скопје официјално соопштија дека управувањето со сообраќајот е надлежност на МВР, а градоначалничката Арсовска побара и одговори од полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This