дома Балкан (Фото) СНЕГ НА ПРАГОТ НА ЛЕТОТО: Србија денес со снежна покривка

(Фото) СНЕГ НА ПРАГОТ НА ЛЕТОТО: Србија денес со снежна покривка

Прогнозата на српските метеоролози за денес била дека во повисоките планински предел е можен снег, а истата и се остварила.

На социјалните мрежи се појавиле фотографии од побелената планина Брезовица кај Штрбац.

Снегот во мај не е невообичаена појава за планинските предели и подрачјата на висока надморска висина, па така минатата година овој период снег имало и на Копаоник, Златар, Златибор, Голија и Сјеница.

Најдоцниот снег, според расположливите податоци, во Белград паднал на 11-ти мај во 1953-та година.