дома Спорт (ФОТО) СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ НАЦРТАНО НА ФУДБАЛСКИ СТАДИОН: Македонците од Австралија спремни...

(ФОТО) СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ НАЦРТАНО НА ФУДБАЛСКИ СТАДИОН: Македонците од Австралија спремни за „MASO CUP 2019“!

Организаторите на Македонскиот фудбалски Куп во Квинбијан, Австралиjа подготвија изненадување за македонските љубители на овој спорт, на средината на фудбалскиот стадион го нацртаа националното знаме на Македонците – Сонцето од Кутлеш.

„Сонцето од Кутлеш се црта на центарот на главниот стадион Seiffert Oval каде следниов викенд од 26 до 28 Jануари 2019 во Квинбиjан, во траење од 3 дена, ќе се одржи наjголемиот македонски фудбалски настан на годината, MASO CUP 2019, со учество на триесетина Македонски фудбалски клубови од ширум цела Австралиjа.

Овоj спектакуларен спортски настан ќе се одржува за прв пат во Квинбиjан. Во исто време ќе биде три дневна можност за дружење, запознавање и размена на искуство како во фудбалот така и меѓу играчите, гостите и македонската младина од цела Австралиjа на едно место.

Отворањето на овоj MASO CUP ќе биде во Сабота на 26ти Jануари во 11 часот
на стадионот Seiffert Oval во Квинбиjан“, стои во објавата на Македонскиот фудбалски клуб „Queanbeyan City FC“

.