дома Македонија (Фото) СО ЛЕБ И СОЛ: Традиционален македонски пречек за папата Франциск

(Фото) СО ЛЕБ И СОЛ: Традиционален македонски пречек за папата Франциск

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциско, изутринава пристигна на аеродромот во Скопје со што ја почна историската Апостолска посета на Република Северна Македонија. Тој беше традиционално пречекан со леб и сол, а во делегацијата која го чекаше на скопскиот аеродром беа Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, шефот на дипломатијата Никола Димитров и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.