дома Македонија (Фото) Спасовски за cлoвeнeчкo „Дeлo“: Балканот вo ЕУ пoлecнo ќe ja oдбpaни...

(Фото) Спасовски за cлoвeнeчкo „Дeлo“: Балканот вo ЕУ пoлecнo ќe ja oдбpaни Евpoпа oд kpиминaлoт

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на неговата работна посета на Република Словенија по повод учеството на министерската конференција: 10. Неформален состанок на министри за внатрешни работи на Брдо Процесот даде интервју за угледниот словенечки весник „Дело“.

Во него Спасовски зборува за справувањето на Република Македонија со епидемијата со Ковид-19, мигрантската криза и илегалните миграции, борбата со организираниот криминал и сите други форми на криминал, патот на балканските држави кон ЕУ и нивната улога во спречувањето на криминалот во ЕУ.

– Криминалните структури се секогаш чекор пред државата, бидејќи ги спојува интересот. Од друга страна, вистина е и тоа дека и во политиката нема вечна љубов, туку само вечен интерес, но кај криминалците тој е секогаш во прв план. Тие прават сè за да ја надитрат државата. Затоа е многу важно како ќе се поврзат институциите на различните држави и како ќе им застанат на патот на криминалните здруженија, за коишто границите не претставуваат препрека. Без оглед на тоа дали станува збор за организиран криминал, трговија со луѓе, илегални миграции, трговија со наркотици и така натаму, вели Спасовски.

Вели дека Балканот со својата геостратешка положба е привлечен и за криминалците, што ни предизвикува големи проблеми.

– Поради тоа сметам дека е важна секоја иницијатива за регионално поврзување во борбата против организираниот криминал. Важна е брзата размена на информации меѓу државите, изјави министерот.