April 18, 2024, 11:08 pm

(Фото) Според обвинитeлcтвото, Милески Кичеец еднаш возел со непpилaгoденa брзина, а вторпат кога е склопена спогодбата- возел со прилагодена брзина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во соопштението и одговор на јавното обвинителство за сообраќајната несреќа предизвикана од Зоран Милески Кичеец (еден загинат и 7 повредени) која беше „крунисана“ со спогодба за признание на вина и 6-месечна казна затвор и покрај една човечка жртва, има и „крунска“ огромна разлика, пренесува Телма.

Во соопштението кое е издадено 3 дена по несреќата, обвинителството соопшти дека Кичеец возел со неприлагодена брзина.

-На 4 септември, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. Движејќи се со патничко моторно возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, тој на критичното место не ја прилагодил брзината на движење според состојбите и условите на патот и на видно обележана полна надолжна линија започнал престигнување на возилото пред него, стои во соопштението на јавното обвинителство (слика доле).

Во одговорот од 10. ноември пак воопшто нема никаков збор неприлагодена брзина туку стои дека Кичеец „не ја пречекорил дозволената брзина на патот“.

-Надлежниот јавен обвинител спроведе темелна истражна постапка во рамките на која беа наредени и извршени повеќе вештачења за точно утврдување на причините за несреќата. Од резултатите на извршените вештачења произлезе дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот., стои во одговорот на обвинителството.

Гостиварското обвинителство ја прифатило спогодбата и со ваква изменета квалификација, а дополнително претекнување на полна лента е квалификувано како „небрежност“, а не како умисла или намера.

Извор: Телма

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This