дома Македонија (Фото) Според пратеникот на СДСМ од Куманово, во таа општина 50% од...

(Фото) Според пратеникот на СДСМ од Куманово, во таа општина 50% од членовите не гласале воопшто за претседател на партијата

На 12.12.2021 година во СДСМ на вонредните внатрепартиски избори за наследник на Зоран Заев, е избран Димитар Ковачевски.

Гласале вкупно 44.406 членови на СДСМ. Гласањето се одвиваше на 194 избирачки места низ општинските организации ширум државата, почнувајќи од 08:00 часот наутро, се до 19:00 часот попладне.

Покрај Ковачевски, за претседател на партијата се кандидираа и Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ.

Според пратеникот Мартин Костовски од СДСМ Куманово во таа општина 50% од ажурираните членови воопшто не гласале за претседател на партијата.