дома Политика (Фото) Стефковски: Заштитата на животната средина е на врвот на моите приоритети

(Фото) Стефковски: Заштитата на животната средина е на врвот на моите приоритети

Вечерва бев на терен заедно со инспекциските служби од општина Гази Баба во еко-патрола низ дивата депонија Вардариште.

Од вечерва, инспекциските служби од општината ќе бидат на терен и во вечерните часови, се со цел да спречиме согорување и депонирање на отпад на јавни површини во попладневните и вечерни часови.

Заштитата на животната средина е на врвот на моите приоритети.

Ќе се санкционира согласно Закон секој, кој ќе пали, согорува, депонира или на било каков начин ја загадува животната средина.

За тоа го имате мојот збор!

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.